четврток, 5 декември 2024

Шефицата на холандскиот парламент бара од Твитер да спречи објавување заканувачки пораки

Објавено на

часот

Сподели

Вера Бергкамп објави писмо кое го испратила до одделот на Твитер за глобални прашања изразувајќи „длабока загриженост“ поради неодамнешните твитови насочени до членови на парламентот кои содржеле закани со смрт и „повици на насилство, па дури и убиство“.

„Тоа е веројатно казниво по холандскиот кривичен закон“, напиша таа на Твитер.

Лидерот на холандската антиисламска Слободарска партија Герт Вилдерс повеќе од деценија е честа мета на закани со смрт на Твитер.

Милијардерот Илон Маск го купи Твитер во октомври 2022 и порача дека сака да спречи платформата да стане простор за омраза и поделби.

„Разбирам дека Твитер напорно работи на намалување на токсичната и нелегална содржина“, напиша Бергкамп. „И покрај тоа, ве повикувам да преземете моментални мерки за да го решите тој проблем, за да ја зачуваме нашата слобода на изразување“.

Иако не е членка на парламентот, холандската министерка за финансии Сигрид Кад од партијата на левиот центар Д-66 исто така била изложена на закани на социјалните мрежи, но и надвор од нив.

Минатата недела Каг истакна дека поради тоа размислува за напуштање на политиката, што отвори национална дебата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ