четврток, 5 декември 2024

Шампионот Бостон го распарчи Њујорк со рекордни 29 тројки (ВИДЕО)

Шампионот Бостон во голем стил ја отвори новата сезона во НБА лигата, „селтикс“ го распарчија Њујорк со 132-109 и постигнаа рекордни 29 тројки.

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот натпревар од новата сезона во НБА лигата, шампионот Бостон славеше убедлива победа против Њујорк.

Веќе во првата четвртина беше јасно дека гостите нема што да бараат во „ТД Гарден“ а конечниот резултат гласеше 132-109.

„Селтикс“ имаа шутерско шоу, погодија рекордни 29 тројки и го изедначија постигнувањето на Милвоки од 2020.

Тејтум постигна 37 поени со брутални 8 од 11 обиди од далечина, а мечот го заврши со дабл-дабл учинок откако забележа и 10 скокови. Вајт реализираше 24 поени, Браун 23 поени, Холидеј 18 поени, а двоцифрен беше и Хорфорд со 11 поени.

Во редовите на Њујорк најефикасен беше Џејлен Бронсон со 22 поени, Карл Ентони Таунс дебитираше со 12 поени и 7 скокови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ