четврток, 5 декември 2024

Шаќири: Трите регионални центри за стручно образование и обука прераснуваат во центри на ексклузивност за образување кадри

Објавено на

часот

Сподели

На денешниот состанокот на Секторската работна група за образование, вработување и социјална политика министерот појасни дека следи опремување на центрите, како еден од условите за нивна функционалност и квалитетно образование, за што Министерството за образование и наука ќе ја информира Владата, со цел средствата да бидат вклучени во буџетското планирање за 2023 година.

„Што се однесува до наставниот кадар во регионалните центри за стручно обрзаовние и убука, со поддршка на Швајцарската амбасада и проектот E4E@mk и на УНДП се спроведуваат обуки и натамошно унапредување на нивните вештини, затоа што наставниците се најважната алка во воспитно-образовниот процес“, посочи министерот.

Секторската работна група за образование, вработување и социјална заштита е механизам за консултација и соработка меѓу институциите на извршната власт, граѓанските организации, донаторската заедница, како и другите заинтересирани страни, преку која се креираат и имплементираат политиките за конкурентност и инклузивен раст во трите сектори, кои се финансирани преку ИПА програмите, соопшти Министерството за образование и наука.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ