сабота, 16 ноември 2024

Семејството ги тужи ФБИ, ЦИА и полицијата за убиството на Малком Икс

Семејството на Малком Икс (или Малком Литл, подоцна Ел Хаџ Малик ел Шабаз), американскиот борец за човекови права кој беше убиен пред речиси 60 години, поднесе тужба тешка 100 милиони долари во која ги обвинува ФБИ, ЦИА и њујоршката полиција дека го дозволиле атентатот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во тужбата, поднесена од ќерката на Малком Илјаса Шабаз и други членови на семејството, се тврди дека безбедносните агенции ги скриле доказите дека знаеле за планирањето на убиството и дека ништо не направиле за да го спречат.

„Се здружиле за атентатот на Малком Икс, еден од најголемите мислители на 20 век“, кажа адвокатот на семејството Бен Крумп на прес-конференција.

Тужбата е претставена во меморијалниот центар во Њујорк, на местото на кое е убиен Малком Икс.

Њујоршката полиција, ФБИ и ЦИА засега не ја коментираа веста.

Малком Икс стана познат како национален портпарол на Исламска нација, организација на афроамериканските муслимани која се залагаше за сепаратизам на црнците.

Откако во неа помина повеќе од десет години, јавно ја напушти организацијата во 1964 година.

Ублажи некои од своите претходни ставови за расна сепарација, што разгневило некои припадници на организацијата кои му се заканувале со смрт.

Талмеџ Хајер, тогашен припадник на Исламска нација, призна на суд дека бил еден од тројцата атентатори на 21 февруари 1965 година.

Но, тврдењата дека власта знаела за планирањето на убиството и дозволила тоа да се случи продолжија со децении.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ