понеделник, 18 ноември 2024
Во интервју за РСЕ

Селмани: И денеска е можно Албанец да добие доверба од Македонците каква што јас имав добиено

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е можно, тоа е докажано дека е можно, само што од страна на политичарите треба да се даде соодветна, добра и искрена понуда. Во 2016 година на парламентарните избори СДСМ излезе со понуда за мултиетничка држава „едно општество за сите“. Прашање е колку тоа се реализираше до крај, меѓутоа понудата навистина беше супер солидна во смисла на мултиетничка Македонија онаква каква што ја имаме. Имаше кандидати за пратеници Албанци во редовите на СДСМ, така што во тој период тие гласачи Албанци едноставно детерминираа СДСМ и коалицијата во тоа време успее да се доближи до еден пратеник или два пратеници ако не се лажам до ВМРО-ДПМНЕ. Иако ВМРО-ДПМНЕ победи, со овие албански гласови – помалку или повеќе од 50.000 илјади, преведено во пратеници, тие се помеѓу 7 или 8 пратеници со кои успеа да се доближи до ВМРО-ДПМНЕ. 2009 година исто така беше добро, релаксирано време во смисла на меѓуетничка толеранција, во смисла на понуда којшто јас како претседателски кандидат ја дадов и успеав да ги посетам повеќето општини кои не беа мултиетнички, туку чисто етнички македонски од источна Македонија. Добив поддршка која што дотогаш не беше видена. Сето тоа значи дека нашиот граѓанин, нашиот гласач знае во одреден момент да процени и да даде глас, како што се вели во една заедница вкрстени гласови, односно гласови кои не се поврзани со етничкиот предзнак. Тоа е доволна гаранција дека и утре и задутре, која ќе биде вистинска и добра, која ќе гарантира, не само соживот и толеранција, туку и напредок, развој, економска благосостојба и полека затворање на сите помали етнички прашања кои се уште од време на време се поставуваат како теми, секако дека ќе добие поддршка и од Македонците и од Албанците, од Србите, Босанците и сите етнички заедници во државата“, рече Селмани.

На прашањето што им е најбитно на Албанците и Македонците, Селмани вели Македонија да биде правна држава.

„Мислам дека во момент кога веќе имаме заокружени безбедносни прашања, во смисла кога сме членка на НАТО, најголемата суштинска потреба на граѓаните е да се чувствуваат безбедно од правен аспект, да се чувствуваат рамноправни дека кога ќе се појават пред државната администрација со било кое барање, за мала или голема работа, дека ќе бидат третирани исто како секој друг граѓанин, без разлика на кој социјален слој припаѓа, без разлика дали е политичар, бизнисмен или обичен работник, или кога ќе се појави на суд, во обвинителство или во полиција. Мислам дека насушна потреба на граѓаните денеска им е да се чувствуваат дека правно не се дискриминирани, тоа е првата работа – правна сигурност. Втората работа секако е подобар и поголем животен стандард. Се движиме во таа насока и денеска веќе не се поставува прашањето дали можеш да најдеш работа, денеска се бира работа“, рече Селмани.

Во интервјуто тој говори и за актуелните настани во земјата и може да се погледне тука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ