„Вчера кружеше веста дека сум доживеал срцев удар. Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи. Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница. Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се уште немаат донесено никакви заклучоци. Сепак, добро сум, со семејството и ќе ги чекаме одговорите на лекарите. Би сакал да ви кажам дека не очекував толку голема грижа и добрина од вас“, напиша Таравари на Фејсбук.
На социјалните мрежи сподели дека е во болница
Се онесвести министерот за здравство Арбен Таравари, се чекаат резултатите за причината
Министерот за здравство Арбен Таравари сподели дека е во болница откако вчера доживеал колапс, односно се онесвестил. Тој, како што објави на Фејсбук, е под опсервација на лекарите.
Објавено на
часот