среда, 11 декември 2024
Во согласност со одлуката на Советот на Град Скопје

Се бараат стручни лица за спроведување на активностите Скопје 2028 – Европска престолнина на културата

Во согласност со одлуката на Советот на Град Скопје, објавен е јавен повик за избор на независни стручни лица, членови на телото Скопје ЕПК 2028, чија цел е водење, спроведување и координација на активностите кои произлегуваат од титулата Скопје 2028 – Европска престолнина на културата.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Град Скопје, јавниот повик е отворен за учество за физички лица со живеалиште на територија на Град Скопје кои имаат значително искуство во една или повеќе области по повикот со кои ќе придонесат за успешна реализација на Скопје 2028 – Европска престолнина на културата. Тоа се: изведбена уметност, музичка уметност, визуелна уметност и уметност на новите медиуми, издавачка и библиотечна дејност, музејска дејност и промоција на културно наследство, креативни индустрии, применета уметност и општествени науки.

Сите заинтересирани повеќе информации за јавниот повик можат да најдат на следниот линк: https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ