„ВМРО-ДПМНЕ воопшто не планира да владее преку поддршка на работниците и покачување на платите. Тие ќе продолжат онаму каде што застана во 2016, а тоа се политиките во интерес на крупниот капитал. За потсетување, во 2016 ВМРО-ДПМНЕ го држеше минималецот на околу 8.000 денари и тогаш беа потребни четири минимални плати за да се обезбеди основната потрошувачка кошничка.
Изјавата на Мицкоски дека требало да ги пуштиме нозете колку што ни е чергата е навреда и потценување на работниците. Јасно е дека не е до чергата, не е до кондицијата на буџетот, туку е до приоритетите“, соопшти СДСМ.