Затуровски пред публиката се претставува со своето декади долго и плодно творештво со околу седумдесетина дела изработени во пастел и неколку други техники. Неговиот академски реализам е претставен преку мотиви на мртва природа, пејзажи како и портрети во делата инспирирани од родната Струга.
Даме Затуровски е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1993 година. Дипломиран правник, зад себе има преку 11 самостојни изложби. Учесник е на повеќе групни изложби и ликовни колонии во земјава и надвор. Познат е и по изработката на макети на стари бродови и верски објекти, чии фотографии, исто така се изложени.