Зекирија Ибраими, генералниот секретар на Алтернатива, пред неколку дена, по објавувањето на министрите од страна на мандатарот Христијан Мицкоски, рече дека предлогот Стоилковиќ да биде министер и вицепремиер не е добра вест.
„Ние не го поздравуваме изборот на Стоилковиќ за министер во оваа влада. Секако дека реториката на Стоилковиќ не е воопшто пригодна за нас како Албанци, ниту пак за државата, Северна Македонија и за добрососедските односи со Косово“, изјави Ибрахими.
Одговарајќи на обвинувањата упатени кон Стоилковиќ за проруски позиции и други прашања, Мицкоски рече дека секој министер од неговата Влада треба да има промакедонска позиција, а тоа, според него, значи стратешка ориентација на Македонија, моќен партнер на НАТО и земја која еден ден ќе биде дел од ЕУ.