„Игралиште во близина на обична куќа… Русија секој ден со својот терор докажува дека притисокот врз неа не е доволен“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм.
Зеленски објави фотографии од две тела на земја, меѓу кои и посмртните останки на дете облеано во крв и прашина. До него имало дел од ракета.
Пристанишниот град Миколаев и околните области редовно се цел на руски напади.
Виталиј Ким, регионалниот гувернер, се заблагодари на жителите кои дошле на местото да помогнат, пред да пристигне брзата помош.
Тој на Телеграм напиша дека уште една ракета паднала на друга локација во тој регион.
Москва ги негира обвинувањата дека нападнала цивили или цивилна инфраструктура за време на инвазијата на Украина. Во руските напади беа убиени или ранети илјадници луѓе.