Руските региони Курск и Ростов, кои граничат со Украина, пријавија напади со дронови, додека руското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа е спречен обидот на Украина со дрон да нападне објекти во московскиот регион, дронот бил елиминиран, изгубил контрола и паднал во напуштена област, пишува Ројтерс.
Russia: Drone strike on the roof of a train station in Kursk. pic.twitter.com/X73Me8T2Rc
— Igor Sushko (@igorsushko) August 20, 2023
„Обид за терористички напад со дронови камикази беше спречен во регионот Ростов на југот од Русија“, изјави гувернерот на регионот Василиј Голубев.
Според гувернерот, два дрона се урнале во областа на воената единица во Каменск, вториот бил соборен на еден километар северно од Новосахтинск. Нема извештаи за жртви или материјална штета од овој напад.