среда, 11 декември 2024
Во светот на медицината повеќе не постојат граници

61-годишната мајка која го роди Петар по 37 години желба за бебе останала бремена со замрзната јајце-клетка

Во светот на медицината повеќе не постојат граници и македонската медицина може да се мери со онаа во светот, изјави пред новинарите директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиоска-Папестиев, по повод раѓањето бебе од највозрасната мајка во државата – 61-годишна проворотка. Таа е во брак 37 години и сиве овие години се обидувала да забремени. Имала 10 неуспешни ин-витра и 10 спонтани абортуси, меѓутоа не се откажала.

Објавено на

часот

Сподели

Бебето се вика Петар, а 61-годишната мајка останала бремена со сопствена јајце-клетка, која била замрзната.

Жената е породена со ин витро процедура, бременоста ѝ била следена во Македонија, а раѓањето е завршено на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, изјави директорката. Петар е тежок 2 килограма и 350 грама и долг 48 сантиметри.

Алексиоска-Папестиев изјави дека пациентката претходно имала три интервенции, од кои две во Белград, а една на ГАК.

„Овие родители не потклекнале на неуспесите, не потклекнале на притисоците од околината, на предрасудите и стереотипите со коишто живееме. Затоа на Петар и на неговите родители им посакувам да имаат многу прекрасни моменти и уште долго да уживаат во прекрасни семејни моменти“, рече директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска-Папестиев на средба со новинарите.

Денеска и мајката и бебето во одлична општа состојба беа испратени дома, заедно со 65-годишниот татко, кој веќе е пензионер, и се шегува дека нема да имаат проблеми со тоа кој да го чува Петар. Двајцата се во брак 37 години и исто толку време се трудат да добијат деца. Таа имала десет неуспешни ин витра, имала 10 спонтани  абортуси, меѓутоа не се откажала и конечно го реализира својот сон.

„Дека во светот на медицината не постојат повеќе граници и дека Македонија може да се мери со онаа во светски граници говори и раѓањето на бебето Петар, коешто на свет го донесе највозрасната пациентка во нашата држава. Оваа пациентка е прва која е останата бремена со сопствена јајце клетка, којашто била криопрезервирана, замрзната којашто добила ин витро третман во нашата држава, цела бременост ѝ била следена во нашата држава и раѓањето е завршено на Универзитетката клиника за гинекологија и акушерство“, појасни Алексиовска-Папастиев.

Кај 61-годишната пациентка бил направен царски рез во 36-тата гестациска недела, при што се родил Петар, тежок 2.350 гр и долг 48 сантиметри, а породувањето поминало одлично.

„Во текот на своето акушерско минато оваа мајка – херој имала богато гинеколошко и акушерско минато. Пациентката имала три претходни интервенции, од кои две се направени во Белград и една во нашата институција, и понатаму во тек на бременост којашто била контролирана, имала висок притисок и шеќерна болест, меѓутоа остатокот од бременоста била уредна, дојде со малку покачен висок притисок, меѓутоа кога го стабилизиравме, одлучивме пациентката да ја завршиме со царски рез“, појасни Алексиовска-Папастиев.

Скопјанката која на 61 година стана мајка за прв пат уште пред триесетина година замрзнала јајце клетки, затоа што се соочувала со повеќе гинеколошки проблеми.

„Во одредени држави постои законски одредена возрасна граница до кога може да се употребуваат овие асистирани репродуктивни техники, меѓутоа во нашата држава и во некои други, не постои таква граница и затоа кај жената било направени ин витро фертилизација со нејзината сопствена јајце клетка којашто своевремено, уште кога почнала да го третира својот проблем со инфертилитет истата ја замрзнала“, вели директорката на Гинекологија.

Прашана дали со пациентката разговарал психолог, Алексиовска вели дека по протокол имаат психолог кој разговара со пацинетките, но дека оваа пациентка била пресреќа и прекрасно расположена, па сите разговарале со неа и утврдиле дека нема да има никаков проблем по раѓањето.

Ин витро фертилизацијата и следењето на бременоста на жената биле направени во приватни клиники во Скопје, а раѓањето во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ