четврток, 5 декември 2024

Ристовски: Спортисти повеќе нема да рекламираат обложување и коцка!

Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска потпиша меморандум за соработка со Државната Видеолотарија на Македонија – Казинос Австрија, со кој ќе се стави крај на праксата спортисти да рекламираат коцкање и игри на среќа.

Објавено на

часот

Сподели

Она што се најавуваше со месеци, денеска и официјално се реализираше – поранешни и сегашни спортисти, како и малди таленти нема да бидат директно користени за рекламирање на коцкањето и игрите на среќа.

Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска потпиша меморандум за соработка со Државната Видеолотарија на Македонија – Казинос Австрија со кој ќе стави крај на ваквата пракса.

„Спортистите ќе може да бидат вклучени во промовирање на спортски игралишта како и на настани поврзани со спортот и кон промоција на вистинските вредности поврзани со спортот, почитувајќи ги принципите на морал, етика и одговорност кон општествените вредности. Тоа беше најважниот сегмент што сакавме да го постигнеме со оваа иницијатива покрената од Министерството за спорт за која наидовме на разбирање од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија и ова е еден убав почеток на идна соработка. Важно е сите ние да вложиме во здрава спортска средина која ги поддржува младите и се стреми кон позитивни примери и вредности во општеството“ – изјави министерот Ристовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ