четврток, 5 декември 2024

Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши, потврди министерката Јаневска

За жал, ова не е новост, резултатите се лоши. Не можам да кажам дека се неочекувани, но се доказ дека се потребни промени во се што го опфаќа образовниот систем, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска за резултатите од ТИМСС-тестирањето што денеска ги соопшти Министерството за образование (МОН). Според резултатите од меѓународно ТИМСС-тестирање на ученици од четврто одделение, на македонски и на албански јазик, во математичка писменост, македонските ученици се на 44 место од 58 држави, а во природни науки на 47 место. ТИМСС-тестирањето беше спроведено  во 2023 година по електронски пат.

Објавено на

часот

Сподели

Како што рече, пред пет месеци се почнати промени од кои треба да произлезат подобри резултати на меѓународните тестирања.

„Промените во образованието не се ни лесни ни брзи. Но, почнати се и се надевам дека во еден разумен временски период ќе ги дадат и своите резултати“, изјави Јаневска денеска во Ректоратот на УКИМ каде што учествуваше на конференција „Подобро образование за посилен раст“.

МОН денеска информираше дека ТИМСС-тестирањето „покажа дека се потребни крупни промени во образованието за да можат учениците да ги подобрат знаењата“.

Според резултатите од меѓународно ТИМСС-тестирање на ученици од четврто одделение, на македонски и на албански јазик, во математичка писменост нашите ученици се на 44 место од 58 држави, а во природни науки на 47 место. ТИМСС-тестирањето беше спроведено  во 2023 година по електронски пат.

На новинарско прашање кога ќе продолжи изградбата на објектите за ФИНКИ и Факултетот за физичка култура, министерката одговори дека тоа се очекува пред крајот на 2025 година.

„Затоа што треба многу подготвителни активности за да може да почне изградбата односно да се објави јавниот повик“, додаде Јаневска.

Во однос на претходниот раководител на студентскиот дом Пелагонија и дали против него ќе има обвинение, министерката одговори дека ако се утврди дека има зошто да се поведе постапка, „ќе бидат спроведени сите соодветни процедури и ќе бидат доставени наодите до соодветните институции“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ