четврток, 5 декември 2024

Рекордна крводарителска акција во Велес за Денот на ослободување на градот

Во акција за  дарување крв во рамки на pрограмата за одбележување на Денот на ослободување на Велес, 9 Ноември, денеска беа собрани 180 крвни единици.

Објавено на

часот

Сподели

Традиционалната акција и годинава ја организира Мото клубот „Носачи на крстот“ во соработка со Општина Велес, а ја реализира Општинската организација на Црвен крст со медицинска екипа од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Како што информира за МИА, Орце Николов, секретар на ООЦК Велес денеска оваа акција постигнала нов рекорд  од собрани 180 крвни единици, а досега рекордот на акцијата бил 178 крвни единици.

Тој  што искажува благодарност на сите хумани граѓани како и членовите на мото клубот „Носачи на крстот“  од Велес. Во денешната акција, 12 лица првпат дарувале крв и влегле во друштвото на хуманите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ