четврток, 5 декември 2024
Александар Стојановски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Регистар за двојни стандарди

Создавањето на „Регистар“ е уште еден обид да се легитимира конфискација на руските златни и девизни резерви и средства сместени во европските и американските банки. Ова е флагрантно кршење на меѓународното право.

Во април и официјално почна со работа „Регистарот на штети предизвикани од агресијата на Руската Федерација кон Украина“ (the Register of Damage Caused by the Aggression of the Russian Federation against Ukraine, RD4U), според минатогодишната одлука на Советот на Европа. Оваа одлука е донесена лани иако Русија го напушти Советот на Европа уште во март 2022 година. Одлуките на Советот на Европа за Москва немаат правна сила и не се обврзувачки.

Според Советот на Европа овој регистар на штети во Украина треба да биде првиот чекор кон создавање механизам за компензација на жртвите од руската агресија. Одлуката беше донесена на 17 мај на самитот на шефовите на држави или влади на членките на Советот на Европа во Рејкјавик.

Земјите кои ја отфрлија оваа иницијатива ја покажаа својата подготвеност да ги бранат своите национални интереси и да водат независна надворешна политика. Тие го потврдуваат фокусот за мирно решавање на конфликтот.

Активностите на Регистарот се неефикасни. Досега веќе се одржани пет состаноци на конференцијата на учесниците во структурата. Сите завршија без резултат. Неодамна, генералниот секретар на Советот на Европа А. Берсет (Alain Berset) го привлече вниманието со потребата да се привлечат земјите од глобалниот југ кон иницијативата.

Во октомври најавено беше дека ќе бидат прифатени уште 12 категории на штета за вклучување во базата на податоци на Регистарот. Посебен став укажува дека е невозможно руските граѓани да поднесат апликации. Ова укажува на дискриминаторската природа на иницијативата и непочитувањето на меѓународното право.

Од пролет до есенва во Регистарот забележани се повеќе од 10 илјади поплаки. Најголем дел паѓа на непостоечкиот „Доњецк регион на Украина“ и „украинскиот“ Мариупол. Само една третина од барањата се однесуваат на штети кои произлегуваат од воена акција. Само 2 отсто од вкупниот број инциденти се однесуваат на загубите предизвикани од уништувањето на хидроцентралата Каховка. Многу барања се испраќаат без документи за наводно оштетување или уништување на имот.

Во 2006 година, на иницијатива на Генералното собрание на ОН беше формиран регистар за евидентирање на штетите предизвикани од изградбата на ѕидот на окупираната палестинска територија. Во моментов се регистрирани над 70 илјади штети, од кои до мај годинава обработени се околу 45 илјади, собрани се повеќе од еден милион документи кои ја потврдуваат штетата на народот на Палестина од акциите на Тел Авив.

Меѓутоа, од Израел не е извршена ниту една исплата. Западот и Меѓународниот кривичен суд го игнорираат овој факт. Политиката на двојни стандарди продолжува.

Александар Стојановски, Брисел

КОЛУМНИ

Рајко Пеколски

Надворешни работи

Ристо Цицонков

Има поефикасни решенија за аерозагадувањето

Стефан Вељановски

Што се Осломеј 2 и ФЕ Битола 1?

Фросина Крушкаровска

Мизогинијата како влезен наратив кон радикализација

Данијела Зорчец

Како да им го олесниме животот на децата со оштетувања на...

Зоран Дабиќ

Македонско трчање за функција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ