Васко Ѓеорѓиев е новиот адвокат на Рамковски кому вчера не му беше дозволено да го врати својот поранешен адвокат Мирослав Вујиќ. Тој беше избркан од судењето на вчерашното рочиште поради непочитување на судот и му беше забрането да ги брани обвинетите во “Пајажина“.
Новиот адвокат Ѓеорѓиев кој треба да го брани Рамковски во обвинението за злосторничко здружување, затајување данок,перење пари и злоупотреба на службената положба ја водеше одбраната и на расчинетиот владика Јован Вранишковски.