На социјалните мрежи се појави видео од кабина која виси на 274 метри над бездна во планинскиот дел на северозападен Пакистан, во која има осум лица, од кои шест се деца, во тек е нивното итно спасување.
Децата одеа на училиште со жичарницата во провинцијата Хајбер Пахтунхва, кога се скина еден од каблите во кабината, според пакистанската Национална управа за управување со катастрофи, јавува Си-ен-ен.
Battagram, Pakistan: 6 children are among 8 people trapped inside a cable car dangling over a deep Pakistan valley. The chairlift is “stuck at a height of about 900 ft” (275 metres) due to a breakage in one of its cables. pic.twitter.com/Md806c8RMa
— Sandeep Panwar (@tweet_sandeep) August 22, 2023
Жичарницата поврзува две места во регионот и оди на два кабли, од кои едниот се скинал, според локален спасувач.
Привремениот пакистански премиер Анвар ул Хак Какар нареди итно затворање на сите дотраени жичарници, се наведува во соопштението од неговата канцеларија.
Многу деца кои живеат во оддалечените и планински делови на Хајбер Пахтунхва се потпираат на жичарниците за да стигнат до училиште и да се вратат. Некои од нив се лошо одржувани, па затоа претставуваат ризик, наведува Си-ен-ен.