Бостон во натпреварот влезе со серијата од четири победи во новата сезона, а Индијана имаше врзано три порази, но на теренот мечот беше сосема рамноправен.
Индијана беше на добар пат да победи и во регуларниот тек, но Бостон одигра одлична последна четвртина, ја доби со 38-24 и на крајот изедначи на 124-124. Мечот отиде во продолженија.
Во дополнителните пет минути требаше шампионот да ја има психолошката предност, но не се случи тоа. На 39 секунди пред, Вајт го донесе Бостон во водство, веднаш вратија домаќините, а потоа Тејтум промаши за нова предност на Селтикс. Клучната тројка, на седум секунди пред крајот ја погоди Паскал Сијакам, а потоа со истекот на времето промаши Џејлен Браун кој не успеа да се избори за ново продолжение.
Најдобар кај Индијана беше Бенедикт Матурин со 30 поени, Сијакам додаде 29 поени и 11 асистенции. Тејтум го предводеше Бостон со 37 поени.
Резултати:
Шарлот – Торонто 138-133
Кливленд – ЛА Лејкерс 134-110
Индијана – Бостон 135-132
Филаделфија – Детроит 95-105
Вашингтон – Атланта 133-120
Мајами – Њујорк 107-116
Чикаго – Орландо 102-99
Мемфис – Бруклин 106-119
Оклахома – Сан Антонио 105-93
Голден Стејт – Њу Орлеанс 104-89
ЛА Клиперс – Портланд 105-106