Предизвикот беше „Иднината на транспортот“, а тимовите кои се натпреваруваа, успешно спроведоа истражувачки проекти, дизајнираа роботи за извршување на задачите, се фокусираа на инженерството додека ги истражуваа проблемите во реалниот свет, поминаа прекрасно време во изучување на дизајнирање и програмирање, креирање на уникатни решенија и изработка на сопствен постер.
Најголем број награди освоија тимовите на ПСУ „Јахја Кемал”- Боговиње и ПСУ „Јахја Кемал”- Скопје, а за победник на турнирот беше прогласен тимот „Techno Legends“ од ПСУ „Јахја Кемал”- Скопје.