сабота, 30 ноември 2024
Трибина на владеачката партија

Премиерот е горд на сработеното, зелената транзиција е приоритет на СДСМ

Објавено на

часот

Сподели

„Нема сегмент во којшто СДСМ ако се спореди со ВМРО-ДПМНЕ нема подобар резултат. Да ги земеме прво платите. Минимална плата – 8.000 денари ВМРО-ДПМНЕ, 20.000 денари СДСМ. Просечна плата – 20.000 денари ВМРО-ДПМНЕ, 34.000 денари СДСМ. Пензии – просечна пензија 13.000 денари ВМРО-ДПМНЕ, 19.000 денари СДСМ. Невработеност – ВМРО-ДПМНЕ 25%, СДСМ 14% во овој момент Патишта – 600 километри ВМРО-ДПМНЕ, 1.300 километри асфалт СДСМ. Директни странски инвестиции – 760 милиони евра СДСМ во кризна година два пати поголеми од 2016 година. Невработеноста 25 отсто сега 14 отсто, расте и вработеноста, што значи дека невработеноста не се должи на ислеувањето, туку на отворање на конкретни работни места“, рече Ковачевски.

Зелената транзиција на енергетскиот сектор останува врвен приоритет за СДСМ и веќе се прават подготовки за следната грејна сезона да биде уште поупсешна. Само во изминатите година и три месеци, инсталирани се 200 мегавати од обновливи извори на енергија (ОИЕ), што веќе се вклучени на мрежата, рече Ковачевски.

„Со новите капацитети од обновливи извори што се изградени за само 16 месеци, може да се задоволат потребите на домаќинствата со просечна потрошувачка за над 10 гардови, или за една година и четири месеци ние имаме изградено капацитет кој е скоро како еден блок на РЕК Битола. Токму поради инвестициите во обновливи извори е намалена енергетската зависност во државата“, потенцираше Ковачевски.

Наместо 33 отсто, додаде тој, сега за потребите на сите потрошувачи меѓу кои и индустријата и малото стопанство има увоз на струја од само околу 11 отсто во првите месеци од оваа година. Нагласи дека изминатата година се покажа колку е важно знаење и посветеност за менаџирање со енергетскиот сектор. 

„Ова е најниско ниво на увезена струја. Во наредниот период наш приоритет е енергетската транзиција и енергетската независност, а нашата земја да биде и понатаму регионален лидер во енергетската транзиција, со огромен потенцијал да стане зелен енергетски хаб“, истакна Ковачевски, додавајќи дека со поврзувањето на гасоводите, енергетската независност уште повеќе ќе се унапреди. Пред само 12 месеци глобалната, светка економија беше пред колапс. Недостигот на енергија и растот на цените на енергенсите и струјата донесоа неизвесност и агонија кај секој граѓанин – не само кај нас, туку и во цела Европа. Но кај нас, струја, бензин, храна, парно имаше доволно, а рестрикции немаше. Ги заштитивме граѓаните и компаниите кога беше најтешко“, посочи Ковачевски. 

Тој кажа дека во време на ВМРО-ДПМНЕ биле инсталирани 18 мегавати од обновливи извори на енергија, додека во време на СДСМ инсталирани се 283 мегавати. 

Сѐ она што пред шест – седум години на исти вакви трибини низ државата, го планиравме, прогнозиравме и ветувавме, денеска како носител на државните инситуции, го остваруваме, порача претседателот на партиската комисија за енергетика, Митко Андреевски.

„Пред неколку години зборувавме за македонска енергија од македонско сонце и денес тоа е реалност. Видливи се резултатите, и со право сме горди што направивме и се уште го правиме во делот на зелената транзиција. Денес имаме домашна берза и секој еден може да учествува во енергетскиот бизнис, а до 2017 година тоа можеа да го прават само привилегирани до тогашната влада. Зголеменото домашно производство отвора можност повторно да ја вратиме евтината дневна тарифа на струјата“, порача Андреевски, додавајќи дека програмата за делот енергетика за следните избори ќе започне да се подготвува наскоро, а како дел од конкретните заложби ќе биде формирање на Министерство за енергетика. 
 
Нерашевањето на проблемот со парното греење во кризна година можеше да направи домино ефект и нарушување на целиот енергетски сектор во државата и да го доведе во колапс. Затоа владата дејствуваше брзо и ефикасно и со преземање на системот за парно греење со што успеавме да спречиме колапс на енергетскиот сектор, истака членот на комисијата за енергетика Гоце Трпчевски додавајќи дека намалувањето на ДДВ за парно греење позитивно влијаеше врз буџетите на граѓаните. 
 
Тој посочи дека денес во Скопје има 66.500 домаќинства и компании кои се приклуќени на мрежата на парно, што е за околу 1.000 субјекти повеќе во однос на минатата грејна сезона. 
 

А за ДДВ-то зборуваше и заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска која рече дека само во 2022 година, повратот на ДДВ изнесува над 727 милиона евра, што е и највисок поврат на ДДВ кон стопанството од независноста на државата до денес.

„Во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа изградени и рехабилитирани вкупно 600 километри патишта и тоа за десет години, додека СДСМ за само пет години изгради и рехабилитираше 1.300 километри. Од почетокот на мандатот, СДСМ изгради 80 детски градинки, реконструираше 29 училишни објекти, во 21 училиште е започнато со реконструкција“, нагласи Лукаревска.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ