среда, 11 декември 2024

Ердоган бара реформа на ОН: Не може светот да биде препуштен на волјата на пет земји

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес повика на голема ревизија на Обединетите нации, јавува агенцијата Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„ОН треба целосно да се реформира. Светот не може да биде препуштен на милост и немилост на пет постојани земји (членки на Советот за безбедност). Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на овие пет постојани членки“, порача Ердоган во Истанбул.

Ердоган го осуди системот со пет постојани членки на Советот за безбедност, според кој тие земји можат самостојно да стават вето на важните одлуки, кажувајќи: „Светот е поголем од тие пет земји“.

„Руско-украинската војна, која наскоро ќе влезе во четврта година, ни ја покажа слабоста на меѓународниот систем“, додаде тој. Истакна дека во Газа се тестирани не само хуманитарните вредности туку и сигурноста на глобалниот систем и ОН. Смета дека чувството на вина за холокаустот ги натерал западните земји да се воздржат од критикување на Израел кој „веќе повеќе од една година спроведува геноцид во Газа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ