понеделник, 9 декември 2024

ДУИ бара оставка од Тошковски поради „неоправдна интервенција на МВР“ на прославата на Денот на албанското знаме

Преку соопштение Демократската унија за интеграција итно бара оставката на министерот за внатрешни работи поради „неоправданата и безпреседан полициска интервенција за време на синоќешните прослави на Денот на албанското знаме“.

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа интервенција не само што ги попречи мирните и традиционални манифестации на Албанците, туку предизвика непотребни тензии и инциденти кои ја нарушија меѓуетничката хармонија во земјата.

Дополнително, денес сме сведоци на селективен и пристрасен пристап од страна на органите на редот. Додека граѓаните Албанци кои го запалија државното знаме се приведени и казнети, оние кои го запалија албанското знаме остануваат неказнети. Овој дискриминаторски и неправеден пристап е неприфатлив и ја поткопува довербата на граѓаните во државните институции, дополнително продлабочувајќи ги поделбите и тензите во општеството.

Министерот за внатрешни работи не успеа да обезбеди праведен и професионален пристап кон овие инциденти, покажувајќи неспособност и недостаток на одговорност за справување со меѓуетничките ситуации со потребната внимателност. Поради ова, бараме неговата итна оставка.

Демократската унија за интеграција останува посветена на заштитата на правата и достоинството на Албанците, како и на зачувувањето на соживотот и стабилноста во Македонија. Нема да толерираме институциите на државата да се користат за дискриминаторски политики кои ги нарушуваат правата на граѓаните и меѓуетничкиот соживот“, се вели во соопштението на ДУИ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ