вторник, 10 декември 2024

Зеленски навести примирје ако Украина влезе во НАТО со територијата што сега ја контролира (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски навести дека би можел да биде постигнат договор за прекин на огнот ако украинската територија која сега е под контрола на Киев влезе под „чадорот на НАТО“ што би му овозможило да преговара за враќање на остатокот на територијата „на дипломатски начин“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Скај њуз Зеленски беше прашан за одговор на медиумските извештаи дека еден од плановите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за завршување на војната би можел да биде Киев да ѝ ги препушти на Москва териториите кои ги зазема во замена за тоа Украина да се придружи на НАТО.

Зеленски кажа дека би можело да се понуди членство во НАТО за неокупираните територии за да се заврши „жешката фаза на војната“, а дека во самиот повик во НАТО членството би морале да се признаат меѓународно признатите граници на Украина.

Изгледа дека прифаќа окупираните источни делови на земјата да бидат надвор од таквиот договор за сега, пишува Скај њуз.

„Ако сакаме да ја сопреме жешката фаза на војната, треба да ја ставиме под чадорот на НАТО територијата на Украина која ја имаме под наша контрола“, кажа Зеленски.

„Треба тоа да го направиме брзо, а потоа (окупираната) територија Украина може да ја врати по дипломатски пат“, додаде тој.

Тој кажа дека е потребен прекин на огнот за да се „гарантира дека (рускиот претседател Владимир) Путин нема да се врати“ да заземе уште украинска територија.

Кажа дека НАТО треба „веднаш“ да го покрие дел од Украина под контрола на Киев, што, како што кажа, на Украина ѝ е „многу потребно бидејќи во спротивно тој ќе се врати“.

До сега Зеленски никогаш немаше кажано дека може да ѝ препушти кој било дел од окупираната украинска територија на Русија, вклучувајќи го Крим, кој Русија го зазема во февруари 2014, и официјално го припои следниот месец.

Една петина од украинската територија е под руска контрола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ