понеделник, 9 декември 2024

Алкалоид слави убедлива победа против Вест Виена и со една нога веќе е во осминафинале

Ракометарите на Алкалоид направија голем чекор кон следната рунда во Европскиот куп на ЕХФ откако вечерва со убедливи 38-27 славеа против Вест Виена.

Објавено на

часот

Сподели

Алкалоид со една нога е во осминафинале на Европскиот куп, избраниците на Кире Лазаров уште вечерва демонстрираа квалитет против Вест Виена и со 60 минути игра практично го решија исходот на двомечот.

Гостите парираа само во првите неколку минути кога имаа минимално водство, но потоа Алкалоид влезе во серија, поведе со 9-4, за со двата гола во низа на Серафимов да стигне и до „плус седум“ (11-4).

Домаќините потоа лесно ја одржуваа оваа предност и на пауза се замина со резултат 20-14.

Добрата игра на Алкалоид продолжи и во вториот дел, па набрзо предноста стана двоцифрена (26-16). Вест Виена не успеаваше да се наметне, а нашиот тим без потешкотии на крајот славеше со убедливи 38-27.

Александар Петковски со девет гола беше најефикасен во таборот на Алкалоид, осум постигна Мартин Серафимов, а со седум погодоци мечот го заврши Марко Митев. Кај голманите, Иван Галевски запиша десет одбрани, Благојче Трајковски шест.

Реваншот се игра утре во терминот од 19:00 часот исто така во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ