вторник, 10 декември 2024

Кина својата најголема пустина ја огради со шума (ВИДЕО)

Кина по 46 години го заврши проектот со кој својата најголема пустина ја огради со шумка во рамки на иницијативата да се сопре ширењето на пустината и да се спречат пустинските бури, јавија денес државните медиуми.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Зелениот појас околу Такламакан, долг 3.000 километри, е довршен денес во регионот Синџијанг откако работници засадиле стебла на последните стотина метри на северниот раб на пустината.

Проектот познат како Големиот зелен ѕид почнал во 1978 и досега се зазеленети повеќе од 30 милиони хектари. Садењето стебла на сушниот северозапад довело до тоа на крајот на минатата година под шума да биде 25 отсто од територијата на Кина, во однос на 10 отсто во 1949.

Но и покрај тоа за пустина се сметаат 26,8 отсто од територијата, нешто помалку од 27,2 отсто пред десет години, покажуваат податоците на кинеската управа за шуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ