вторник, 2 јули 2024

Пожарот кај Василево се шири кон Сушево и Злеово, другите девет се изгаснати (ВИДЕО)

Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево сѐ уште е активен, се разгорува и се приближи во непосредна близина на селото Сушево а се шири и кон село Злеово, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Целосно изгасените се девет пожари на отворено. Регионалниот ЦУК Тетово, информира дека Општина Тетово утре ќе врши дератизација на територијата на градот Тетово

Објавено на

часот

Сподели

„Поради тоа за гаснење се подготвува еден полициски хеликоптер кој ќе полета набргу. На терен се екипи на струмичката територијална противпожарна единица“, информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Целосно изгасените се девет пожари на отворено во општините, Гази Баба, Карпош, Кавадарци, Битола, Охрид и Куманово.

Регионалниот ЦУК Тетово, информира дека Општина Тетово утре ќе врши дератизација на територијата на градот Тетово за уништување на глодари. Дератизацијата ќе започне од 8 часот, ако се поволни временски услови. Се апелира до граѓаните да бидат внимателни и да ги следат упатствата и заштитните мерки дадени од надлежните, од општината.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ