Во новогодишната честитка до граѓаните на Македонија, преку последното интервју за магазинот „Теа модерна“, Глигоров вели дека во 2012 година сака да ја види Македонија како членка на НАТО и земја што ќе ги почне преговорите со Европска Унија.
„На граѓаните на Република Македонија им посакувам здравје, среќа и радост, подобар животен стандард, повеќе работни места, повеќе бракови, помалку разводи и многу повеќе новородени деца. Во претстојната година би сакал да ја видам Република Македонија како членка на НАТО и како земја што ќе ги започне преговорите со ЕУ за членство, за доброто на нашите граѓани и за подобрата иднина на нашата земја“, порача во новогодишната честитка поранешниот претседател Глигоров.
Глигоров почина во својата 94-та година ноќта меѓу први и втори јануари 2012.