петок, 18 октомври 2024

Пораз на ракометарите во Смедерево

Објавено на

часот

Сподели

Македонските ракометари само со оваа вистинска проверка на силите патуваат идната недела во Ниш, каде што преку Шведска, Германија и Чешка ќе бараат продолжување на престојот во соседството со преселба во Белград. Колку овој план ќе биде плоден, ќе покаже настапот, но тоа што ракометарите го покажаа во Смедерево, посебно во првиот дел, повеќе и загрижува во пресрет на ЕП.

Македонија тргна добро само во воведниот дел од мечот со домаќинот на ЕП. По 4-4, на сцена за Србија стапи голманот Дарко Станиќ, актуелен чувар на мрежата на нашиот шампион Металург. Во 20. минута на семафорот стоеше 12-7 и тоа беше најголема предност за Србија од пет гола, која ја имаа и пред самиот крај на полувремето, со 14-9. Но, паузата избраниците на селекторот Звонко Шундовски ја дочекаа со минус од четири гола, 10-14.

Вториот дел може да биде пример како ќе треба да игра Македонија во Ниш, затоа што далеку поангажирани и поконцентрирани, нашите ракометари почнаа да ја топат предноста. Србите беа брзоплети, на моменти Петар Ангелов имаше среќа во диреците и пречките, и некаде на средина од вториот дел, Македонија се најде на само минус еден гол, 20-21. Последен пат, на 22-23 имавме шанса за многу повозбудлива завршница, но Кире Лазаров промаши пенал на 22-24 и со тоа заврши надежта за пресврт. Конечните 23-26 ги израдуваа Србите пред нешто повеќе од 3.000 гледачи.

Очекувано кај нас најдобар стрелец беше Кире Лазаров со пет гола (три седмерци), а кај северниот сосед шест гола даде Момир Илиќ (еден од седмерец). По овој меч, Шундовски треба да ги објави конечните 16 имиња кои ќе патуваат на ЕП, што значи дека од актуелниот состав треба да пречкрта уште тројца, откако претходно му се заблагодари на крилото на Металург, Гоце Георгиевски.

СРБИЈА: Марјанац (6 одбрани), Станиќ (7 одбрани), Шешум 2, Вујин 4, Никчевиќ 3, Чутура 3, Тоскиќ 1, Илиќ 6, Марковиќ, Милиќ, Продановиќ 2, Стојковиќ, Манојловиќ, Рниќ, Вучковиќ, МИтровиќ, Станковиќ 2, Ненадиќ, Бељански 3, Костадиновиќ.

МАКЕДОНИЈА: Митревски, Манасков 1, Стоилов 4, Алошовски 3, К. Лазаров 5, Митков 2, Јоновски, Ангеловски 1 , Темелков 4, Миркуловски, Марковски, З. Мојсоски, Ристовски (6 одбрани), Н. Мојсоски 2, Ангелов (3 одбрани), Ф. Лазаров 1, Кукоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ