Капоне бил пронајден со повреди на вратот, па така се сомнева дека починал по некаков пад. „Газета“ пренесува дека фудбалерот претходната ноќ ја поминал со своето друштво на журка во ноќен клуб, а наредното утро починал.
Брзата помош пристигнала и се обидела да го реанимира, но за жал можеле само да констатираат смрт. Отворена е и истрага од полицијата.
Капоне својата фудбалска кариера ја заврши во 2010 година, а покрај Каљари каде што остави најдлабока трага играше за Тревисо, Виченца, Гросето и Салернитана.
Tutto il Cagliari Calcio apprende con sgomento e profonda tristezza la notizia della scomparsa di Andrea Capone, morto a soli 43 anni.
Riposa in pace, Andrea 😔❤️💙
Il cordoglio del Club ➡️ https://t.co/BKsi36VXYe pic.twitter.com/zFkfY2qyYZ
— Cagliari Calcio (@CagliariCalcio) September 29, 2024