среда, 11 декември 2024

Вардар со победа над Мелсунген се одјави од Европа

Вардар славеше со 32-30 против бундеслигашот Мелсунген во последниот натпревар од групната фаза во Европската лига.

Објавено на

часот

Сподели

Бодовите не беа значајни ниту за Вардар ниту за Мелсунген, па во една таква игра без притисок македонскиот тим дојде до триумф и се одјави со стил.

На почетокот од мечот со овации беа поздравени поранешните Вардарци, Мораеш, Кроштипанс и тренерот Парондо кои сега се дел од екипата на Мелсунген.

Натпреварот беше изедначен во најголемиот тек, на полувремето резултатот беше 17-17. Финишот од мечот му припадна на Вардар кој на крајот дојде до победа од 32-30.

Најефикасни во редовите на Вардар беа Ларс Коиј со осум гола и Младен Крсманчиќ со шест голови од исто толку обиди. Еспиња имаше 15 одбрани.

Вардар настапот во Европската лига го заврши на третото место со пет освоени бодови. Прв е Мелсугнен со десет, седум има Порто, а последен е Валур со два.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ