Киро Глигоров почина завчера во својот дом во Скопје на 94 години. Роден е на 3 мај 1917 година во Штип. Беше претседател во два мандата од 1991 до 1999 година.
Првиот претседател на Република Македонија беше избран на 27 јануари 1991 година од Собранието. Вториот мандат Глигоров го доби на 19 ноември 1994 на претседателски избори. Функцијата претседател ја извршуваше до 19 ноември 1999 година.
Денешниот ден во Македонија е прогласен за ден на жалост.