„Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на Министерството за образование и наука, да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата којашто неуморно работи во општина Бутел. Навистина се прават исклучително брзи и квалитетни чекори во насока на подобрување на условите за живот на нашите граѓани кога станува збор за образованието и науката, за школување и другарувањето на нашите најмили, децата. Јас сум убеден дека во периодот којшто следи ќе имаме уште многу вакви проекти ширум цела Македонија“, рече Мицкоски.
Реализацијата на овој проект е во вредност од 30,662.875 денари без ДДВ или 36,182. 193 денари со ДДВ.
„Овде во општина Бутел, во самиот говор градоначалникот кажа кои се проекти коишто се тековни, финансирани од општинскиот буџет, но и финансирани од буџетот на Владата. Министерството за финансии исто така министерката даде еден краток осврт за сето она што се прави низ целата територија на државата и она што ќе се прави.
Така што навистина инспиративно е да се слушаат сите овие работи дека ќе се случуваат. И тоа го препознаваат граѓаните и го одобруваат. Ние како Влада ќе продолжиме да работиме, да создаваме бидејќи тоа е она за што отприлика пред шест месеци граѓаните ја дадоа довербата.
Нема да шпекулираме, нема да се сведе нашата работа на дневна политика туку на создавање нови нешта, нови проекти. Така што еве јас уште еднаш честитам, посакувам уште многу дечиња да го завршат своето образование тука“, рече Мицкоски.