Хонда на крајот на декември 2011 го почна сериското производство на новиот сивик, во модернизираната фабрика во Свиндон, Англија. Воведувањето на новиот модел во производство значи и вработување нови 500 работници. Но вработувањата продолжуваат. Кон крајот на оваа година почнува и производството на европската варијанта на моделот ЦР-В, а и нов мал дизелски мотор.
Јапонската фабрика објави дека ја достигнале бројката од 100 милиони произведени автомобили во светски рамки. Фабриката постои од 1953, а првото нешто што го произвеле е мотор за земјоделски машини. Сега Хонда има 11 фабрики во девет земји во светот, а нивните возила се користат во повеќе од 150 земји.
Почна да се произведува новиот сивик
Објавено на
часот