понеделник, 25 ноември 2024

Почина г.Тимотеј, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија во МПЦ-ОА

На 73 години денеска почина митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј.

Објавено на

часот

Сподели

Владиката Тимотеј починал во болница во Скопје каде што бил хоспитализиран пред неколку денови поради проблеми со срцето.

Тој е роден во 1951 година во Младо Нагоричане, кумановско, со световно име Славе Јовановски.

Со Дебарско-кичевската епархија раководи од 1995 година. За архиереј на МПЦ-ОА е избран во 1981 година

Во 1976  дипломирал на Богословскиот факултет. Потоа работи како службеник во Македонската архиепископија. Од Синодот бил испратен во Рим каде ги завршил ориенталните студии и магистратура. На Богословскиот факултет во Скопје извесно време Јовановски работел и како професор, а бил поставен и за в. д. ректор на Македонската православна богословија.

Монашки потстриг примил на 10 септември 1981  во Бигорскиот манастир, а на 11 септември бил ракоположен за јероѓакон во истиот манастир. На 13 септември таа година  бил ракоположен за јеромонах во Кичевскиот манастир, а за архимандрит бил произведен во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Битола.

По изборот за епископ на 20 септември 1981, бил хиротонисан за архијереј на МПЦ во црквата „Свети Димитриј“ во Скопје. Од 21 септември 1981 бил назначен за Митрополит австралиски и администратор на Дебарско-кичевската епархија. Со Австралиската епархија раководел до 1995 , од кога продолжил да раководи со Дебарско-кичевската епархија како Митрополит Дебарско-кичевски.

Владиката Тимотеј беше и портпарол на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА).

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ