Тој со репрезентацијата на СФР Југославија освои сребрени медали на ЛОИ 1968 година во Мексико и во 1976 година во Монтреал, каде што соиграч му беше македонската легенда, Благоја Георгиевски-Буштур. Истовремено, со „сините“ двапати беше светски шампион, а еднаш вицепрвак на Мундобаскетот.
Шолман цела кариера ја мина во Југопластика постигнувајќи 5.783 поени, а со овој тим во 1973 година играше во финалето на Купот на куп победниците, додека во 1976 и 1977 со сплитскиот тим славеше во тогашниот Куп Радивоје Кораќ.