среда, 26 јуни 2024

Пикси му одговори на Тадиќ: Јас сум главен и јас ги носам одлуките!

Драган Стојковиќ вели дека немало потреба од коментарите на Душан Тадиќ по поразот од Англија, и порача дека тој како селектор е главен и ги носи одлуките.

Објавено на

часот

Сподели

Србија синоќа загуби со 1-0 од Англија во воведниот натпревар на Европското првенство, а по крајот на натпреварот следуваше бура откако капитенот Душан Тадиќ негодуваше што мечот го почнал на клупата за резерви и влегол во игра во второто полувреме.

Ова не му се допадна на Драган Стојковиќ, кој потсети дека како селектор е главен и ги носи одлуките.

„Нема потреба за вакви коментари, тоа не е добро“ – вели популарниот Пикси.

„Одлуката беше од тактички причини, сакав Тадиќ да биде „свежи нозе“ во второто полувреме и тоа е главната причина за одлуката, ништо повеќе“.

„Ова беше моја одлука, мое гледиште на ситуацијата. На крајот од денот, јас сум главен како селектор и тој што носи одлуки“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ