Битолскиот клуб ќе прави сериозна реконструкција со цел да биде конкурентен во Лигата на шампионите.
Синоќа Пелистер свечено се збогуваше со седум ракометари, Гоце Ојлески, Милорад Кукоски, Мартин Велковски, Себастијан Хенеберг, Мохамед Суси, Усама Хосни и Бојан Маџовски.
Во наредниот период во Битола треба да пристигнат неколку засилувања кои ќе треба да го кренат квалитетот на тимот на уште повисоко ниво.