Битолскиот клуб поднесе жалба до Ракометната федерација на Македонија (РФМ), поради една судиска одлука во финишот од натпреварот, тие сметаат дека се оштетени.
„Еурофарм Пелистер поднесе жалба до Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за судењето на мечот против Вардар 1961 кој се одигра во финалето од Купот на Македонија.
Жалбата е поднесена поради една од последните одлуки на судиската двојка Николовски – Металари. Вардар имаше еден гол предност, а во последниот напад на вардарци, Филип Талески имаше шут, кој, според пелистерци, е направен по одлука за пасивен напад на арбитрите со намера да се потроши време.
Еурофарм Пелистер се повикува на правилото број осум на ИХФ, според кое направена е материјална штета и прекршени се новите правила според кои секој потег кој во последните триесет секунди од мечот кој на било каков начин задржува или троши време автоматски значи седмерец и црвен картон за противникот“, стои во соопштението на Еурофарм Пелистер во кое има и видео кое гласи: „Иста ситуација, исти судии, различна судиска одлука“.