Пелистер не доби ниту еден натпревар минатата сезона, а така ја почна и оваа. Сепак на таа црна серија ѝ дојде крајот во седмото коло, денеска падна Фредериција.
Првото полувреме не беше најдобро, се надѕираше уште еден пораз, Фредерција водеше со 12-9 по првите 30 минути, но потоа работите се променија.
Во вториот дел Пелистер влезе со серија од 7-2, го презема водството и не го пушти до крајот. Највисоката предност беше четири гола, 21-17, а конечниот резултат 25-23.
Херој на мечот за Пелистер беше голманот Никола Митревски кој имаше дури 15 одбрани, најефикасен беше Кузмановски со шест голови, по четири постигнаа Хосни и Пешевски. Во составот на Фредериција, Андерсен даде четири гола.
Следниот натпревар на Пелистер во Лигата на шампионите е на 20. ноември кога во Битола гостува токму Фредерција. Можност и за втора победа за зелените.