четврток, 21 ноември 2024

Партијата Алијанса за Албанците реагира на укинувањето на „балансерот“

По денешната одлука на Уставниот суд за укинување на алатката „балансер“ при вработувања во јавната администрација, со реакција се јави партијата Алијанса за Албанците, која е дел од опозицискиот Европски фронт.

Објавено на

часот

Сподели

„Вазалитетот на албанските партии во Владата ги поттикна судиите да го укинат ‘балансерот’. Одлуката на Уставниот суд за укинување на ‘балансерот’ е само потврда за антиалбанската политика на нелегитимната влада. Со оваа одлука се докажува и покорноста и сервилноста на албанските партии во Владата кон ВМРО, ЗНАМ и Стоилковиќ, кои уште од првите денови на Владата почнаа со реализација на проектот за деалбанизација на државата.
Покорувањето на вазалите во оваа Влада ги надмина дури и очекувањата на нивните господари. Времената мерка воведена пред неколку недели беше само мерење на пулсот, дали ќе има реакција и последици од албанските партнери во Владата. Но, неодговорното однесување и честото образложение на одлуката, од страна на претставниците на Вреди (ВЛЕН), ги тешеше сите заинтересирани фактори за укинување на ‘балансерот’, се вели во реакцијата на партијата Алијанса на Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ