сабота, 19 октомври 2024
Откако доби овации на „Џузепе Меаца“ и на „Мараси“

Пандев: Секаде каде што играв давав сѐ од себе, затоа сите ми аплаудираат

Објавено на

часот

Сподели

Во изминатите денови, Пандев доби овации и подароци на „Џузепе Меаца“ и на „Мараси“, навивачите на Интер и Џенова го поздравија скандирајќи го неговото име.

„Секаде ме сакаат и ми аплаудираат? Тоа е зашто секаде каде што играв, се трудев и давав сѐ од себе за дресот кој го носев. Нормално е некогаш да успевате, некогаш не, но секогаш јас се обидував да бидам најдоброто од себе. И на теренот секогаш давав сѐ. Сеќавања за дербито, секако ми е првото кога дојдов, кога дадов гол од слободен, а игравме со десетмина за да победиме со 2-0“, рече Пандев.

Македонецот има совет за Интер во пресрет на мечот со Милан. Тој вели дека нероазурите треба да заборават на првиот меч и предноста која ја имаат.

„Јас последните две ноќи пред тоа полуфинале со Барселона не спиев и после само пет минути на мечот, сѐ беше нормално. Мислам дека Интер има доста искусни играчи, физички се добри, но треба да го заборават првиот меч. Мислам дека можат до финале. Интер е силен, но не се споредува овој со тој во 2010 година. Тогаш Ето можеше сам да ви донесе победа. Симоне е променет, минавме пет години во Лацио, тој знае како е да се пати, имаше потешкотии, но со финалето мислам дека ќе направи извонредна работа. На крај се надевам и дека ќе ја освои европската титула, Интер такво нешто заслужува“, додава Пандев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ