четврток, 5 декември 2024

Откриен е нов вид диносаурус

Објавено на

часот

Сподели

Новиот вид го носи името вектипелта барети (Vectipelta barretti) – по професорот Пол Барет, кој работел 20 години во Природонаучниот музеј во Лондон. Тоа е вториот оклопен диносаурус пронајден на островот – првиот е полакантус фоксии (Polacanthus foxii), ископан во 1865 година.

Стјуарт Понд, истражувач во Одделот за науки за Земјата при Природонаучниот музеј, рече: „Речиси 142 години, сите остатоци од анкилосаурусите од островот Вајт му се припишуваа на полакантус фоксии, познатиот диносаурус на островот, и сега сè треба повторно да се провери со откривањето на новиот вид“.

Иако и двата анкилосауруси потекнуваат од ист остров, истражувачите откриле дека тие не се во блиско сродство. Всушност, рекоа тие, вектипелта барети е главно тесно поврзан со некои кинески анкилосауруси, што сугерира дека овие диносауруси слободно се движеле од Азија во Европа за време на периодот рана креда (пред 145 до 66 милиони години).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ