вторник, 2 јули 2024

Откажан настапот на француската театарска група Кидам

Изведбата на уличното дефиле и претстава на француската театарска група Кидам е откажана, откако уметниците од групата ниту вчеравечер не пристигнаа во Скопје, поради задоцнети и откажани летови.

Објавено на

часот

Сподели

Од Францускиот институт во Скопје соопштија дека се работи само за одложување и посочуваат дека тие ќе го одржат своето ветување и ќе донесат голема и убава улична претстава во Скопје, отворена за најширока публика, во знак на затворање на 50-годишнината од своето постоење.

„Францускиот институт во Скопје ви се заблагодарува на разбирањето и уште отсега ви го најавува настанот којшто, штом се создадат услови, ќе се одржи оваа есен“, соопштија од Институтот.

Претставата најпрвин требаше да се одржи на 28 јуни, но беше преместена за вечерва, поради летот на гостите од Франција, кој бил одложен за денеска заради големото невреме. Сепак, уметниците ниту вчеравечер не пристигнаа во Скопје, а причина се задоцнети и откажани летови, кои се должат на невремето што изминатиов период ја зафати Западна Европа. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ