четврток, 5 декември 2024

Оставката на Дамева е единствената исправна одлука, велат од Владата

Од Владата оценуваат дека оставката на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева е единствената можна и исправна одлука по огромните забелешки за нејзината работа.

Објавено на

часот

Сподели

„Разбираме дека од ваквата одлука ќе има многу засегнати и загрижени поради нивното сомнително работење, огромните сомнежи за криминал, како и фалсификување на записници, но правдата мора да профункционира“, стои во одговорот од Владата.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамевска, денеска на прес-конференција соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата поради, како што рече, немањето слух кај извршната и законодавната власт да се обезбеди брза и ефикасна правда, како и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи функционери од власта.

По ова Судскиот совет во 14 часот одржа итна седница на која ја костатираше оставката на Дамева, но точката за избор на нов претседател беше тргната од дневен ред. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ