четврток, 5 декември 2024

Основачот на ОпенАИ: Не спијам поради помислата дека згрешивме со лансирањето на ЧетГПТ

Објавено на

часот

Сподели

За време на неодамнешната посета на Индија, Алтман изрази загриженост дека можеби направил „нешто навистина лошо“ со создавањето на ЧетГПТ, технологија на вештачка интелигенција покрената во ноември, која предизвика голем интерес за вештачката интелигенција.

„Она што најмногу ме загрижува е хипотетичката идеја дека веќе направивме нешто навистина лошо со покренувањето на ЧетГПТ“, му рече Алтман на Сатјан Гајвани, потпретседател на Тајмс интернет, на настан организиран од Економик тајмс во средата.

Алтман изрази загриженост дека „можеби имало нешто тешко и комплицирано“ што неговиот тим не го препознал кога работел на четботот. На прашањето дали вештачката интелигенција треба да се регулира на сличен начин како нуклеарната енергија, Алтман рече дека треба да има подобар систем за ревизија на процесот.

„Треба да воспоставиме систем за да можеме да ги следиме луѓето што се занимаваат со тоа, да го лиценцираме, да правиме безбедносни тестови пред да се примени“, рече тој.

Во март група технолошки лидери, вклучувајќи ги Илон Маск и коосновачот на Епл, Стив Возниак, напишаа отворено писмо во соработка со Институтот за иднината на животот за да предупредат дека моќните системи со вештачка интелигенција треба да се развиваат само кога постои уверување дека нивните ефекти ќе да бидат позитивни и дека ризиците се под контрола.

Во писмото се повикува на шестмесечна пауза во тренирањето на системите со вештачка интелигенција помоќни од ГПТ-4. Алтман рече дека на писмото „нема техничка нијанса за тоа каде точно ни треба пауза“.

Претходно овој месец, Алтман беше меѓу групата од повеќе од 350 научници и технолошки лидери што потпишаа изјава во која изразија длабока загриженост за ризиците од вештачката интелигенција.

„Намалувањето на ризикот од истребување поради вештачката интелигенција треба да биде глобален приоритет заедно со другите ризици на општествено ниво, како што се пандемии и нуклеарна војна“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ