четврток, 21 ноември 2024

Општина Струмица во боите на српското знаме, како солидарност со трагедијата во Нови Сад

Во знак на длабока жалост, солидарност и поддршка синоќа општинската зграда ја светнавме во боите на српското знаме, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Објавено на

часот

Сподели

Во објавата на неговиот фејсбук профил се наведува дека Струмица и струмичани сочувствуваат со неизмерната болка и тага на семејствата на загинатите и повредените во големата трагедија во Нови Сад.

„ Ваква трагедија никогаш да не се повтори. Во овие тешки мигови, нашите мисли се со семејствата на настраданите, кои загубија свои блиски и се соочуваат со незамислива загуба. Им изразувам најискрено сочувство и поддршка, надевајќи се дека ќе најдат сила за да ја пребродат оваа трагедија“, напиша Костадинов.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ