Таа во својата објава на фејсбук истакнува:
„Почитувани, денеска, до ОЈО поднесов кривична пријава против министерот О. Спасовски и поранешниот претседател на Владата З. Заев, за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување (чл 353 ст.3 од КЗ) поради неизвршување на своите службени должности за усогласување на документите од страна јавната администрација (меѓу кои и на личните документи на граѓаните). Против Спасовски кривичната пријава се однесува и на пречекорување на службените должности извршени спротивно на правниот систем, со негово усмено прогласување за неважечки на издадени важечки документи согласно законите за лични документи во рокот од 5-те години, во кој јавната администрација била должна да ги усогласи, а поради нивна вина тоа не го сторила. Со ова е предизвикана значителна материјална штета за граѓаните, покрај другите штети по здравјето, уставното начело за правна сигурност…итн. Господ на помош!“