среда, 11 декември 2024

Енес Ибрахим реизбран за претседател на Партијата за движење на Турците

На шестиот редовен конгрес, кој денеска се одржа во Скопје, со едногласна поддршка од делегатите на партијата, Енес Ибрахим беше реизбран за претседател на Партијата за движење на Турците (ТХП).

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од партијата, на конгресот присуствуваа бројни високи политички претставници од земјата, како и од Република Турција и соседните држави.

„Во своето обраќање, претседателот Ибрахим истакна дека Партијата за движење на Турците, во текот на своето 25-годишно постоење, покажа дека се разликува од останатите политички субјекти, благодарение на својата визија, капацитет, идеали, достоинство и принципи. Ибрахим нагласи дека патот кон Европската Унија мора да продолжи, бидејќи членството во ЕУ ќе донесе европски стандарди, независно судство, повисоки плати, субвенции и демократски развој, што ќе ја унапреди положбата на турската заедница во Северна Македонија“, стои во соопштението.

На конгресот се избрани и новите членови на Централното собрание на партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ